Испратете податоци
Преку контакт формуларот или телефонски, наведете локација и приближна големина на просторот.
Прв чекор
Консултацијата на лице место е почетна точка на секој проект. Пред неа не се изработува план и не се предлага решение.
Посетата трае обично околу еден до два часа, во зависност од големината на просторот. За тоа време ги мериме просториите, ги забележуваме положбите на прозорци, инсталации и постоечки мебел, и разговараме за начинот на кој просторот се користи секојдневно.
Не е потребна претходна подготовка. Доволно е просторот да биде достапен во договорениот термин. Ако веќе имате идеи, скици или референции, тие можат да се споделат за време на разговорот, но не се услов за да се закаже посета.
Процесот на закажување е едноставен и вклучува четири чекори.
Преку контакт формуларот или телефонски, наведете локација и приближна големина на просторот.
Заеднички се утврдува датум и час за посета, во рамки на работното време на студиото.
Мерење на просторот и разговор за навиките и потребите на домаќинството.
По посетата се утврдува рамка за изработка на планот и визуализацијата.
Посета може да се закаже во било која фаза на размислување за стан, без разлика дали веќе живеете во него или планирате преселба. Некои клиенти закажуваат уште при купување или изнајмување стан, за да добијат увид пред да донесат конечна одлука за просторот.
Ако станот е сè уште во процес на купопродажба, доволно е да се обезбеди пристап до просторот во договорениот термин.
Оди на контакт формулар